Од утре, 21.06.2022 до 24.06 2022 Брегал ќе ги презентираат своите производи, машини за производство и обработка на текстил, автоматизиран процес на производство во текстиланта индустрија на меѓународниот саем во Франкфурт / Месе (Frankfurt Messe fair).
Целата палета на машини може да ја погледнете во каталогот: https://bit.ly/3On7BFi
БРЕГАЛ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА
Брегал нуди широка линија на индустриски машини за шиење за конфекциската индустрија – почнувајќи од Машини за шиење, лепење, оверлок, машини за везење, до машини за шаблони, машини за роботика, машини за сечење. Ние сме многу горди на нашата историски силна дистрибутивна мрежа на различни пазари, главната е во Македонија, а исто така и во Србија, Бугарија, Албанија, Хрватска, Чешка, Словачка, Словенија, Грција и и низ остатокот од Европа.
ОФИЦИЈАЛНИ ДИСТРИБУТЕРИ
Ние сме ексклузивен дистрибутер на сите производи од нашите колекции. Имаме многу водечки партнери во индустријата за облека како што се: Orox, Juki, Supreme, Jack , Justta, CMS, Stong H, Kingtex, Kansai, Snyter, Eagle, Sibote , Amida, Ozer Makina и многу други познати и реномирани брендови.
РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ, СЕРВИС И ПОДДРШКА
Брегал, има повеќе од 90% резервни делови за конфекциските машини на лагер! Покрај резервните делови нудиме целосна поддршка за нашите производи.
Од 2005 година, складиравме резервни делови и сервисираме било кој тип на машини за текстилната индустрија, со што изградивме големо знаење за различни типови машини. Бидејќи имаме голема залиха на резервни делови за нашите машини и имаме добри контакти со водечките производители, можеме брзо да ги набавиме потребните делови. Правиме се што можеме за да го елиминираме времето на застој и на тој начин да ја зголемиме вашата продуктивност!