Брегал

Компанијата „Брегал“ најдобра општествено одговорна компанија во Источниот регион за 2020 година

март 3, 2021
Moderator
bregal-opstestvena-odgovorna-kompanija

Општествената одговорност е наш императив. Брегал досега има освоено бројни награди и признанија за општествена одговорност, една од нив е ” Најдоброто од Истокот за 2020 година”.  Ние како компанија,  даваме поддршка на општеството во кое живеееме и работиме со бројни донации на институции и поединци во општина Делчево и пошироко во Македонија.

Дел од нашите донации и спонзорства за градење на инклузивно општество:

  1. Донации: визири за лице, маски, скафандери, заштитни ракавици за инфективните болници во сите градови на држававата.  Нашата порака е: „Едно големо БЛАГОДАРАМ за сѐ што правите за доброто на сите“
  2. Еко минибус дониран за лицата со хендикеп во Делчево, по повод Светскиот ден посветен на лицата со попреченост, 3 Декември . Нашата цел е лицата со попреченост полесно да стигнат до својот центар, но и да се дружат со учениците од локалните училишта кои исто така го користат еколошкиот автобус.
  3. Еко минибус дониран за зоолошка градина во Скопје,  за прошетки во зимскиот период, новиот еко бус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри. Во зимскиот период, посетителите ќе може да прошетаат низ Зоолошката градина движејќи се со електричното еколошко возило.
  4. Парични и материјални донации за изгрдба на манастиот Св. Богородица во Делчево
  5. Обновување на трибинскиот дел на спортското игралиште во ОУ.„Ванчо Прке“ во Делчево. Се надеваме дека со уредувањето ќе ги подобриме условите не само за спортување туку и за развивање на спортската култура кај младите во општината, а на нив останува да го развиваат спортскиот дух и да ги чуваат општествените добра.

Нашата порака до сите компании е: Следете ги нашите чекори за да создадеме општество кое напредува. Со купување на нашите производи, придонесувате за долгорочен оддржлив напредок и развој на општеството.

За сите новости, следете не редовно на нашата facebook страна: https://www.facebook.com/bregal1

Leave a comment

Тест2 Next post